Лудо градско дерби на “Камп Ноу“: Битката за Барселона без победник! (ВИДЕО)

134

Барселона – Еспањол 1:1. Ова е епилогот од градското дерби, од дуелот од 15.коло во Ла Лига. Ова беше и повеќе од фудбалска лудница. Водство на Барса со голот на Алонсо уште во 7.минута. Кога се чинеше дека домашниот состав ги контролира настаните на теренот, во последната фаза од мечот, поточно во 73.минута од пенал Жоселу израмнува. Тоа беше шок за сите фанови на Барса на “Камп Ноу“. Во последните мигови од средбата малку кошкање, кое заврши по седумминутниот прекин и интервенција на ВАР и црвен картон за Соуза. Со тоа силите на теренот се израмнија откако Алба претходно беше исклучен. ВАР пак го поништи црвениот картон на Кабрера.

Во последните минути од средбата Барса тргна со сите сили во напад, во нов гол за победа. Шанса имаше и Левандовски, но брилјантен беше голманот на Еспањол, Фернандез кој не дозволи триумф на Барса.

ПретходноАмбициозно од Хау: Нема да кажам дека Њукасл не може до титулата во Премиерлигата!
Следно2022 на клупски план: Титулата се врати на Чаир по две децении, Купот за “лавовите“ а Струга ТЛ есенски шампион!