Официјално. Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез стави потпис на договор со бразилскиот Гремио. По заминувањето од Национал, искусниот голгетер одлучи да ги одбие понудите од клубови од Саудиска Арабија и од МЛС и да се пресели во Гремио.
Тој стави потпис на двегодишен договор со трикратниот шампион на Јужна Америка. Инаку ова е прв пат Суарез да игра во Бразил. Кариерата ја почна во Национал, потоа играше за Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона, Атлетико, а во 2022 година се врати во Национал со кого ја освои титулата во Уругвај, а сега ќе игра во Бразил.
За Уругвај има 137 настапи и 68 гола.
Vamos, @LuisSuarez9! Estamos preparados para conquistarmos grandes feitos juntos! 💪🏽🇪🇪 pic.twitter.com/P5pxKlPZJp
— Grêmio FBPA (@Gremio) December 31, 2022