Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди, кој е позајмен во Галатасарај, ќе му се приклучи на Ал-Наср од Саудиска Арабија и ќе стане соиграч на Кристијано Роналдо, тврдат арапските медиуми.
Претставници на арапскиот клуб веќе започнале преговори со агентите на 29-годишниот Аргентинец. На шест натпревари во турската Суперлига оваа сезона, Икарди постигна четири гола и имаше две асистенции.










