Емери го надмудри Конте: Астон Вила пресилна за Тотенхем! (ВИДЕО)

124

Изненадување или не? Во првиот меч во новата година во Премиерлигата, Астон Вила како гостин успеа да слави кај Тотенхем со 0:2 и тоа среде Лондон. Јасно е дека “спарси“ беа фаворити, но гостите беа подобри, успеаја да постигна два гола и тоа преку Буендиа во 50.минута и Даглас Луиз, по една прекрасна акција во таа 73.минута и со тоа да слават голема победа.

Иако ослабен неговиот тим и тоа со неиграњето на неколку стандардни првотимци, факт е дека стратегот на Тотенхем, Антонио Конте беше надмудрен од својот колега од спротивниот табор Унаи Емери во секој поглед.

Инаку овој натпревар беше во рамките на 18.коло од Премиерлигата. Со овие три бода тимот од Бирмингем остана на 12 место со 21 бод, додека Тотенхем и натаму е петти со 30 бодови.

ПретходноГранеруд е победник во Гармиш – Партенкирхен!
СледноГодината 2022 ќе ја паметиме и по заминувањето на Пеле, Михајловиќ, Дојчиновски, Осим, Расел…