Момчето кое потпиша за Јунајтед откако скаути ги гледале неговите вештини на ДВД

1474

Пред многу години, поточно во 2007 година Манчестер Јунајтед потпишал договор со момче после прегледување на неговите вештини на ДВД. Тоа е време далеку од сегашното кога клубот има човек кој се занимава само со собирање на податоци, анализа и оценување на способностите на секој фудбалер кој ќе сака да го ангажираат.

Но порано немаше такво нешто, па скаути носеа фудбалери од секаде или едноставно се гледаа снимки на ВХС, ДВД потоа и на Ју-тјуб…

Во 2007 година, деветгодишниот Рајн Дејвис и се приклучи на академијата на Јунајтед откако неговите родители испратиле ДВД од вештините на синот до „Олд Трафорд“.

Неговите способности веќе биле познати за оние следбеници на Ју тјуб, каде што бројот на фанови значително пораснал само неколку денови по неговиот трансфер во Јунајтед. Тој заедно со своите родители од Австралија се преселиле во Чешир, каде што почнал да тренира во академијата на Јунајтед.

„Јунајтед потпиша фудбалски гениј. Момчето “растура“, а има само девет години …“, излезе со наслов „Сан“.

„Би-би-си“ пренесе изјави од луѓе, тренери кои го опишаа младиот фудбалер новиот Вејн Руни или Кристијано Роналдо.

Newspaper

ШТО СЕ СЛУЧИ СО НЕГО?

Кариерата на Дејвис не отиде по нагорна линија. Сопка беше скршеницата на ногата во 2013 година на 16 години што подоцна доведе и до заминување на „Олд Трафорд“.

„Скршена нога и отказ по седум години во клубот беше допирање на дното за мене. Разочарувачки период“, изјави Дејвис за „Фудбал централ“ во 2016 година.

Сепак, момчето не се откажа од фудбал. Му се приклучил на нисколигашот Алтринкам во 2015 година, а потоа се вратил во Австралија поточно во локалниот  Централ Коуст Маринерс.

Играчот од средниот ред за малку ќе заиграл и за првиот тим на Маринерс но отказот на спортскиот директор Мајк Фелан, кој заминал да работи со Солскјер во Јунајтед во 2018 година, ја сменило стратегијата на клубот.

p1fhfmrojv1kfo1dur1dffg9u10kgb.jpg

СЕГА РАБОТИ КАКО РЕВИЗОР

За Дејвис образованието било во прв план, па дипломирал на Универзитетот во Шефилд и тоа насока Економија и бизнис менаџмент. Во 2020 година тој изјави дека очекува успешна кариера во финансискиот сектор. Сега работи како ревизор.

НЕ БИЛО СУДЕНО ДА ИГРА ФУДБАЛ

Не му било судено да игра фудбал, но сепак, остануваат спомените на едно убаво време, детски сон да се стапне на „Олд Трафорд“, да се биде дел од славниот англиски клуб, да се запознае сер Алекс Фергусон и многуте ѕвезди на екипата.

 

 

 

 

ПретходноАрсенал го совлада и Брајтон и ја зголеми предноста на чело на табелата (видео)
СледноНова чудесна партија на Лука Дончиќ од над 50 поени: Не знам како го сторив тоа (ВИДЕО)