Традиционално на почетокот на секоја Нова Година македонската ракометна репрезентација е во центарот на вниманието. Нашите ракометари предводени од Кирил Лазаров се подготвуваат за настап на Светското првенство кое од 11 до 29 јануари ќе се одржи во Шведска и Полска.
По краткиот одмор денеска продолжуваат подготовките за настап на Мундијалот, Македонија игра во групата во Краков, за противници ги има Норвешка, Холандија и Аргентина. Нашите ракометари во Скопје ќе бидат до 4 јануари кога ќе заминат за Пореч каде ќе учествуваат на “Кроација Куп”, таму ќе ги одмерат силите со Хрватска и Израел, последни тестови пред СП.
Пред овој Куп, фановите на овој спорт во СЦ Борис Трајковски ќе можат да ги поздрават сегашните и некогашните репрезентативци, на 3 јануари ќе се одигра мечот на деценијата. Инаку, во составот ќе се приклучат Филип Кузмановски и Никола Митревски, првиот имаше обврски со Хановер, додека искусниот голман доби поштеда. Првиот меч на Мундијалот, Македонија го игра на 13 овој месец против Норвешка










