Арсенал понуди 60 милиони евра за Мудрик, Шахтјор се уште размислува

235

Арсенал упати уште една понуда до Шахтјор Доњецк за украинскиот крилен напаѓач Михајло Мудрик.

„Топчиите“ имаат намера да го ангажираат 21-годишниот играч по секоја цена за Артета да добие во длабочина и квалитет на веќе плодната линија во нападот. Неодамна стана јасно дека Арсенал дал првична понуда од околу 60 милиони евра за Мудрик, но таа беше одбиена од Шахтјор.

Арсенал сега ја зголеми понудата за дополнителни 10 милиони евра, но ова е сè уште помалку од бараната цена од 90 милиони евра на Шахтјор – вредност делумно одредена и од трансферот на Ентони од Ајакс во Манчестер Јунајтед.

Додека „топчиите“ се уверени дека ќе го завршат договорот овој месец, истовремено се свесни дека ривалскиот интерес за Мудрик почнува да се зацврстува. Челзи е поврзуван со напаѓачот во последните денови.

ПретходноДобри вести за Манчестер Јунајтед пред натпреварот со Борнмут
СледноЛеброн по стапките на Џордан, ново блескаво издание на Дончиќ (ВИДЕО)