Тотенхем вчера на домашен терен загуби од Астон Вила со 2:0. Тоа беше првиот натпревар од англискиот шампионат во новата 2023 година. Изненадувачки е резултатот бидејќи Тотенхем загуби на домашен терен од клуб кој пред оваа средба имаше 12 бода повеќе.
„Бев многу јасен во разговорите со клубот во текот на летото кога луѓето зборуваа за Тотенхем како кандидат за титулата. Имам доволно искуство за да знам каква е вистинската ситуација, беше малку лудо да се прочитаат сите тие написи. Имам различни профили на фудбалери, но немаме многу играчи кои се навистина добри за да се надигруваат со противникот во ситуации еден на еден“, изјави Конте и додаде:
Ќе бидам искрен и ќе бидам многу јасен. Тоа му го кажав на клубот и претходно го кажав своето мислење. Навивачите го заслужуваат најдоброто. Можеби е најдобро за Тотенхем да остане на 5-то место. Можеме да бидеме само петти. шести, седми и во најдобар случај четвртти“.