Останаа уште 100 билети за ракометниот спектакл!

417

Новата 2023 година ќе почне со ракометен сепктакл. Утре во СЦ „Борис Трајковски“ (19 часот) македонската публика на едно место ќе може да ги види некогашните и сегашните репрезентативци.

Мечот на деценијата насловен како Сите ѕвезди“ има за цел да им се оддаде почит на сите ракометари и ракометни работници кои оставиле свој личен придонес во колективниот учинок на ракометот како најпопуларен македонски спорт.

Истиот е од хуманитарен карактер, средствата собрани од продажба на билетите ќе бидат донинирани во СОС детското село. Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов на официјалната прес-конференција најави дека околу еден милион денари ќе бидат донирани на оние кои најмногу им се потребни. СОС детско село се грижи за 394 деца и млади кои се без родители и родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители.

Во слободна продажба преку „мктикетс“ има останато уште 100-на билети, кои верувам дека во текот на денешниот ден ќе биде распродадени.

Покрај ракометниот спектакл, на теренит ќе има многу забава за која ќе бидат задолжени познати музички ѕвезди.

Овој натпревар ќе биде и единствен за македонската ракометна репрезентација на домашнен терен пред настапот на Светското првенство.

ПретходноКалпачки е првото зимско засилување за Брегалница!
СледноАл Наср го сакал Меси, а Роналдо бил планот – Б!