Скот Паркер е новиот тренер на Клуб Бриж

113

Белгиски Клуб Бриж има нов тренер. Клубот одлучи да направи тренерска смена по лошите резултати во првенството иако претходно се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите (ќе игра со Бенфика). Го отпушти Карл Хефкенс и денеска белгискиот гигант го назначи Скот Паркер за нов тренер.

Паркер беше играч на Челзи, Њукасл, Вест Хем, Тотенхем и Фулам. Се пензионираше во 2019 година за да почне тренерска кариера, прво во Фулам, а потоа во сезоната 2021/22 го предводеше Борнмут.

Паркер има и 18 настапи за Англија.

 

ПретходноНекогаш голема надеж на Реал, играше и за ПСЖ, а сега прави трансфер во Азербејџан
СледноМбапе и Хакими одат на одмор по поразот од Ленс