Стоп од ФИФА: Дури 21 од повиканите 30 играчи немаат право да играат за Камерун на У17 шампионатот

668

Фудбалскиот сојуз на Камерун мора да бара нови фудбалери за претстојниот УНИКАФ У17 фудбалскиот шампионат што ќе се одржи во нивната земја поради тоа што 21 од повиканите 30 фудбалери имале над 17 години.

21 играч од повиканите 30 паднале на тестот за резонанца на зглобовите што го побарала ФИФА за да се потврди возраста на фудбалерите. Резултатите покажале дека само девет играчи од повиканите ги исполнуваат условите да настапат на турнирот што ќе се одржи во Лимбе.

Камерунците ќе мора да побрзаат со наоѓањето на нивни замени затоа што турнирот почнува на 5 јануари, а ќе трае до 12-ти јануари.

 

ПретходноПораз на стартот на сезоната и овации за Ѓоковиќ во Австралија (ВИДЕО)
СледноКонте искрен: Ние не можеме подобро од четвртото место!