Белерин: Тоа што ме прави среќен е бесплатно, не разбирам зошто на некому му требаат 10 автомобили?

3596

Порнаешниот шпански репрезентативец Хектор Белерин ги критикуваше играчите и стремежот кон луксуз. Тој зборуваше во интервју за овој суров свет насочен кон купување на нови работи и демонстрација на моќ и пари пред светот.

Кристијано Роналдо на поклон за Нова година доби Бентли од стотици илјади евра од неговата придружничка Џорџина Родригез.

„До неодамна го возев смарт автомобилот на мајка ми. Сега возам автомобил што ми го подари клубот. Овие работи, ова покажување на финансиска моќ се само фасада, не ве прават среќни. Кога бев млад дозволив да ме понесе ваков луксуз, но бргу сватив дека така сум изгубен. Не сакам да живеам така. Имам еден автомобил, не ја разбирам потребата да имам 10. Сфатив дека тоа што ме прави среќен е бесплатно“, изјави Белерин.

– Дали ве загрижува чувството на балон во кој живеат луѓе од светот на фудбалот и се поистоветувате со оваа сфера?

„Тоа не ми пречи бидејќи и јас бев на таа позиција. Се наоѓаме во екосистем кој не ни дозволува да излеземе од него. Влегуваш млад, влегуваш во соблекувалната каде гледаш многу работи кои чинат многу пари, а сакаш и да ги купиш за да се чувствуваш дел од оваа атмосфера.

Првата работа што ја направив кога бев во соблекувалната на професионалците беше да купам козметичка торба Гучи, како и многу мои колеги, но се ослободив од неа пред многу години. Разбирам дека тоа се случува затоа што и самиот го доживеав, но мислам дека ние играчите го губиме односот со навивачите.

Има многу работи кои нè одвојуваат од луѓето што не постоеле порано. Многумина од нас играчите се родени во скромни семејства без ништо. Ние фудбалерите сме дехуманизирани, се наоѓаме во балон “, вели Белерин.

 

– Зборувавте за дехуманизација на фудбалот и капитализмот. Дали мислите дека фудбалот ја изгубил својата автентичност поради ова?

„Фудбалот треба да биде автентичен за навивачите, достапен за секого. И лидерите треба да размислуваат за играчите, да сфатат дека и ние сме луѓе. Во спротивно ќе треба да играме 200 натпревари во сезона! Тоа исто така е стресно и не зборуваме многу за тоа бидејќи имаме договори и мораме да ги исполниме.

Нема да кажеме дека сме робови, но зависни сме од тоа што мислат организациите. Да, би можел да одам и да играм во втората лига на Каталонија, но она што го сака еден фудбалер е да игра на највисоко ниво. Критичен сум кон ситуацијата во модерниот фудбал, бидејќи се повеќе се оддалечувам од животот на навивачите, – изјави дефанзивецот на Барселона.

ПретходноКовчегот со телото на Пеле е на стадионот на Сантос
СледноНекогаш голема надеж на Реал, играше и за ПСЖ, а сега прави трансфер во Азербејџан