Раководството на Гостивар, есенскиот првак во ВМФЛ, очигледно е дека нема намера да запре со ангажманот на нови имиња. Па така денеска официјализиран е трансферот на младиот играч за врска Рушту Јонус, кој додега играше за Охрид. Јонус има само 20 години, важи за голем потенцијал, а има настапувано и за екипата на Пехчево, како и за младинските екипи на Работнички и Шкупи.