Дали МЗТ Скопје беше оштетен на гостувањето против Цибона? (ВИДЕО)

423

Босанскиот портал „БХ Баскет“ објави една спорна ситуација од мечот меѓу Цибона и МЗТ Скопје А. во рамките на последното коло од АБА лигата, кој им припадна на Хрватите по продолженија со 87:85.

Спорниот детал е од 40. минута и прекршокот на Мајќуниќ над Вер пред очите на судијата Весковиќ, при резултат 75:75 и на две секунди до крајот.

„Според судискиот критериум на кој сме сведоци на различни натпреварувања, прекршокот на Мајќуниќ е неспортски фаул. Весковиќ досуди обичен фаул, а Белошевиќ и Оберкнежевиќ не ни помислија да го проверат фаулот, а таква можност имаа и имаат на располагање“, пишува порталот.

Во салата беше и Срѓан Дожаи, комесарот на јадранското натпреварување, па сега прашање е што на оваа одлука ќе каже судиската организација на АБА лигата.

Цибона дојде до два бода, а МЗТ кој се бори за опстанок се најде во уште потешка позиција. Погледнете го видеото и проценете сами.

ПретходноОткако го загубија Гакпо: Манчестер Ј. пред договор со Маркус Турам
СледноСилвињо е нов селектор на Албанија