Добри вести за Манчестер Јунајтед пред натпреварот со Борнмут

392

Диого Далот и Лисандро Мартинез би можеле да се вратат на теренот за Манчестер Јунајтед во првиот натпревар на тимот во 2023 година. Ова денеска го потврди менаџерот Ерик тен Хаг. „Црвените ѓаволи“ утре се соочуваат со Борнмут во уште еден меч сезонава кој мора да се добие.

Далот ги пропушти последните три натпревари на тимот откако се здоби со повреда на тетивата за време на четвртфиналето на Светското првенство во Катар помеѓу Португалија и Мароко.

Мартинез, кој исто така беше недостапен за натпреварите со Барнли, Нотингем Форест и Вулверхемптон, пред неколку дена продолжи со тренинзите. Дефанзивецот доби пауза откако беше дел од репрезентацијата на Аргентина за победник на Светското првенство во 2022 година.

 

ПретходноФИА попушти: Ќе се разгледуваат барањата за нови тимови во Ф1
СледноАрсенал понуди 60 милиони евра за Мудрик, Шахтјор се уште размислува