Инфантино: Ќе предложам секоја земја да именува еден стадион по Пеле

75

Во тек е церемонијата во која ковчегот со телото на Едсон Арантес До Насименто Пеле е изложен на стадинот на неговиот клуб Сантос. Присуствуваат илјадници навивачи, пријатели и функционери, но пред се фудбалски работници од највисок ков. На чело со првиот човек на ФИФА Џани Инфантино кој се обрати и даде интересен предлог во име на целиот свет.

„Ние фудбалските фанатици, се надевавме дека овој ден никогаш нема да дојде. Да го загубиме нашиот Пеле. Тој ја промени перцепцијата за фудбалот, за Бразил, за Јужна Америка. Ќе дадам предлог секоја земја да именува еден фудбалски објект, односно стадион„ – изјави Чеферин.

Со тоа што секако, објектот кој ќе го носи името на ваква легенда од типот на Пеле, треба да е репрезентативен, современ, и инфраструктурно на највисоко ниво. Јавно се прашуваме кој објект, доколку овој предлог биде прифатен ќе го предложи Македонија?

 

ПретходноПоранешниот англиски репрезентативец прогласи банкрот
СледноНезири: Доаѓам во добро организиран клуб со амбиции