Инфлуенсерот кој го тетовираше Меси на челото сега се кае: Погрешив! (ВИДЕО)

640

По освојувањето на светската титула на Аргентина и пред се на Лео Меси, милиони фудбалски фанови, пред се во земјата на „гаучосите, на своето тело се тетовираа со пехарот или со Меси.

Еден од тие беше и познатиот инфлуенсер од Колумбија, Мајк Џамбс. „Спортмедиа“ пред неколку денови ја пренесе веста дека овој фудбалски фан на своето чело го има сега името на Меси, на едниот образ Д10С, а на вториот образ три ѕвездички како знак на третата титула на Аргентинците.

Сепак сега тој се кае, изјавува дека погрешил што го направил тоа:

Погрешив. Што друго да кажам? Сега се каам, би сакал тоа никогаш да не го направев. Мислев дека овие тетоважи ќе ми донесат позитивни работи, но наместо тоа добив само негативни критики“ посочи несреќниот фан на Меси.

ПретходноСпоред ИФФХС: Ова е ТОП-10 листата со најдобри бразилски фудбалери во историјата, на неа го нема Нејмар! (ФОТО)
СледноЈокиќ со неверојатен трипл-дабл го собори тимот со најдобар скор (ВИДЕО)