„Лавовите“од утре во Хрватска, ќе настапат на престижниот турнир „Арена Куп 2023“ во Медулин!

843

Македонија ЃП стартот на зимските подготовки ќе ги означи во Умаг (Хрватска), каде експедицијата на “лавовите“ ќе престојува во наредните 10-12 дена. Имено тимот од Ѓорче утре патува за Хрватска, а интересно е тоа што во блискиот Медулин ќе се одржи и престижниот турнир „Арена Куп 2023“ на кој ќе настапи и тимот на Македонија ЃП а кој започнува на 5 јануари.

Покрај “лавовите“ на овој турнир ќе настапат и екипите на Колхети (Грузија), Шибеник, Раднички Белград, Истра 1961, Локомотива Загреб, Арсенал Тиват и др.

Според зборовите на шефот на стручниот штаб на “лавовите“ Муарем Бајрами, Македонија ЃП во рамките на овој турнир ќе одигра најмалку три натпревари.

„Утре патуваме за Хрватска, во Умаг, каде ќе ги стартуваме подготовките и ќе престојуваме во наредните 10-12 дена. Ќе играме и на турнирот Арена Куп 2023. Секако дека тоа ќе биде добро за нас веднаш да ја провериме формата на играчите. Утре значи прозивката ќе ја извршиме пред да отпатуваме за Умаг, а таму во Хрватска ќе тренираме и ќе играме натпревари со силни ривали, што е и целта“ изјави за „Спортмедиа“ стратегот на Македонија ЃП, Муарем Бајрами.

ПретходноОткриена e тајната клаузула: Роналдо би можел да игра во Лигата на шампиони!
СледноКалпачки е првото зимско засилување за Брегалница!