Откако го загубија Гакпо: Манчестер Ј. пред договор со Маркус Турам

354

Откако ја загубија битката со Ливерпул за потписот на Гакпо, во манчестер Ј. имаат нов приоритет. Како што пишуваат британските медиуми, Јунајтед води во трката за потписот на францускиот репрезентативец Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах.

Претходно се споменуваше дека Интер е фаворит за неговиот потпис, но Италијанците се откажале од трката за Турам. „Црвените ѓаволи“ веќе подолго време се во преговори со Турам бидејќи бараат замена за Роналдо.

Тен Хаг сака да го донесе Турам во јануари, а тимот од Бундеслигата сака околу 15 милиони евра за негов потпис, што не би требало да преставува проблем за англискиот гигант.

Претходно„Пчелите“ го средија Ливерпул: „Црвените“ со пораз во првиот меч во новата година (ВИДЕО)
СледноДали МЗТ Скопје беше оштетен на гостувањето против Цибона? (ВИДЕО)