Повторно проблеми: Барселона мора да ги намали платите за 200 милиони евра и не смее да ангажира засилувања!

306

Се чинеше дека некои работи одат на подобро во каталонскиот гигант, дека финансисите полека но сигурно се стабилизираат, сепак не би било така. Интересно беше, а тоа сите се прашуваа, од каде пари на “Камп Ноу“ за оние силни засилувања минатото лето, како Левандовски и Рафиња на пример, а се знаеше дека клубот е во големи загуби. Но тоа од Барса никој не го елаборираше.

Во првите денови од Новата 2023 година, повторно медиумите во Шпанија, а посебно тие во Каталонија, наголемио пишуваат дека Барса мора по секоја цена да ги намали трошковите за плати и тоа за неверојатни 200 милиони евра. Имено буџетот за плати да биде драстични намален, а се знае дека во овој зимски преоден рок каталонската гордост не може да ангажира нови имиња. Што не е така голем проблем ако се знае дека тренерот Чави има добар тим и долга клупа, но затоа ќе мора да продаде некој “капиталец“ како Рафиња на пример или некоја од младите ѕвезди.

ПретходноОфицијално: Ловрен во Лион до 2025! (ВИДЕО)
СледноЈагуриновски: Играме модерен ракомет, многу побрз од досега, кој ќе ја краси Македонија не само во Краков, туку и во иднина!