Реал Мадрид го спрема најголемиот трансфер во историјата на клубот!

1448

Како што пренесува “Марка“ некои работи околу трансферот на Џад Белингам, кој беше планиран за јуни, се чини дека се менуваат. Младиот Англичанец, кој игра за Борусија Дортмунд, со своите блескави настапи на СП во Катар просто ги запали алатрмите кај сите големи клубови кои може да ја платат отштета која ја бара Дортмунд, а таа е речиси 140 милиони евра.

Токму затоа “кралевите“ сакаат по секоја цена овој трансфер да го завршат што е можно порано и да намалат цената на Белингам. Односно таа изнесува околу 100 милиони евра.

Сепак Германците не сакаат премногу да се ценкаат, знаат дека ако не може Реал да плати, тогаш ќе плати некој друг како Сити, Јунајтед или ПСЖ. Најново е тоа што “кралевите“ би ги платиле тие 140 милиони евра, нив Белингам им треба и како наследник на Лука Модриќ.

Со тоа трансферот на Англичанецот во Реал ќе биде најскапиот во историјата на клубот, ако се знае дека засега рекордот го држи оној на Еден Азар кој чинеше 115 милиони евра.

ПретходноГостивар не запира: Есенскиот првак потпиша и со Јонус!
СледноОфицијално: Ловрен во Лион до 2025! (ВИДЕО)