Холивудскиот режисер Сем Мендес мисли дека Жозе Мурињо има голем потенцијал да глуми негативец во филм(ови) на Џејмс Бонд. Добитникот на Оскар за најдобар режисер направи два филма со популарниот британски шпион – Скајфол и Спектра.
„Кој би можел да биде главен негативец во филм на Џејмс Бонд? Жозе Мурињо. Мислам дека не можете да најдете подобар за улогата, нели?“, изјави Мендес.
Мурињо е познат по честите скандали со судиите, а постојано се труди да биде во центарот на вниманието во медиумите со своите остри коментари.