Албанската фудбалска федерација постигнала договор за именување на Силвињо за нов селектор на репрезентацијата, објавија вечерва дел од албанските медиуми.
Силвињо седнува на селекторското место во албанската репрезентација каде до пред извесно време беше Еду Реја. Реја беше предводник на Албанија во последните 3,5 години и направи сериозен напредок во играта и резултатите на нашиот западен сосед.
48-годишниот Силвињо досега има работено како тренер во повеќе бразилски клубови, а беше тренер и на Олимпик Лион во Франција. Тој потпиша 18-месечен договор со Албанската федерација, практично до завршувањето на циклусот со ЕП 2024.