Јокиќ со неверојатен трипл-дабл го собори тимот со најдобар скор (ВИДЕО)

250

Српскиот центар Никола Јокиќ го забележа првиот трипл-дабл учинок за 2023 година. Актуелниот двократен МВП во НБА лигата го предводеше Денвер до победата од 123:111 против Бостон Селтикс на домашен терен.

Јокиќ запиша 30 поени и по 12 скока и исто толку асистенции, а за 32 минути на теренот не загуби ниту една топка. Србинот е единствениот играч во историјата на најсилната лига во светот кој има повеќе натпревари со трипл-дабл од 30 поени и нула загубени топки.

Ова беше петти трипл-дабл за Јокиќ во последните осум натпревари, а Денвер славеше секогаш кога Јокиќ имаше ваков ефект. Ова беше 84-ти трипл-дабл во кариерата на Јокиќ, со што стана шести играч во историјата на лигата.

Браун и Тејтум ги предводеа Селтикси со 30, односно 25 поени, но водечкиот тим на Истокот и тимот со најдобар рекорд во целата лига (26-11) не можеше против Денвер, кој е најдобар во Запад. Нагетси со оваа победа стигнаа до скор од 24-12 и до првото место на табелата.

Резултати: Денвер – Бостон 123:111, Мемфис – Сакраменто 118:108, Милвоки – Вашингтон 96:118. 

ПретходноИнфлуенсерот кој го тетовираше Меси на челото сега се кае: Погрешив! (ВИДЕО)
СледноПораз на стартот на сезоната и овации за Ѓоковиќ во Австралија (ВИДЕО)