Ковчегот со телото на Пеле е на стадионот на Сантос

230

Ковчегот со телото на легендарниот бразилски фудбалер Пеле е префрлен од болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло на стадионот на Сантос.

Пеле почина во четвртокот, на 82 години, по долга борба со ракот на дебелото црево.

Според информациите кои ги објави Сантос, ковчегот ќе биде поставен во централниот круг на тревникот на стадионот „Урбано Калдеира“, попознат како „Вила Белмиро“.

Навивачите ќе можат да поминат покрај ковчегот на растојание од околу пет метри. Според најавите, новоизбраниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва ќе дојде да му оддаде почит на фудбалскиот великан.

Пеле помина 18 години од својата кариера во Сантос. Погребот ќе биде во вторник на Меморијалните гробишта „Екуменика“.

 

ПретходноСем Мендес: Мурињо би бил перфектен негативец во Џејмс Бонд филмовите
СледноБелерин: Тоа што ме прави среќен е бесплатно, не разбирам зошто на некому му требаат 10 автомобили?