Откако тимот на ПСЖ синоќа разочара на гостувањет кај Ленс и загуби со 3:1, тренерот на паржаните, Кристоф Галтие објави дека на Килијан Мбапе и на Ашраф Хакими ќе им даде неколку дена слободно. Причината за тоа е нивниот замор, односно прераното враќање на тренинг по завршувањето на Мундијалот во Катар.
За потсетување, и обајцата имаа огромна минутажа, Франција и Мароко играа во финалето односно во полуфиналето, па нормално е да обете звезди се исцрпени.
Затоа, искусниот стратег одлучи дека подобро за сите е да заминат некаде на одмор, да „наполнат батерии“ па да се вратат подготвени за следните мечеви.