Поранешниот младински шпански репрезентативец Хесе Родригез ќе го напушти Анкарагучу и ќе направи трансфер во Сабах од Азербејџан, пишуваат тамошните спортски медиуми. Напаѓачот кој постигна 6 гола во 16 натпревари сезонава за Анкарагучу, наводно се договорил со азербејџанскиот клуб и останува уште да се договорат двата клуба за реализација на трансферот.
Хесе беше голема надеж на Реал Мадрид, но неговата кариера не отиде во вистински правец. Во 2016 година ПСЖ го купи од Реал за 25 милиони евра, дури имаше и клаузула да не смее да потпише за Барселона, меѓутоа не се изнаигра на „Паркот на принцовите“. Бргу падна во формата, се почесто беше резерва па парижаните го позајмуваа со Лас Палмас, Стоук, Бетис, Спортинг Лисабон, а во 2021 година направи постојан трансфер во Лас Палмас. Таму остана сезона и пол, па отиде во Анкарагучу.
Клубот кој сака да го донесе Хесе во своите редови, Сабах е второпласиран на табелата во најсилната азербејџанска лига со седум бода помалку од лидерот Карабах.
DIŞ HABER – Azerbaycan ekibi Sabah, Ankaragücü’nden Jese’yi kadrosuna katmaya yakın. pic.twitter.com/GaePrtutTg
— SporCafe ☕️ (@SporCafe_org) January 2, 2023
Azerbaycan futbol ligi takımlarından Sabah FK, Ankaragücü’nün yıldız futbolcusu Jese ile anlaşmaya oldukça yakın. (Kaynak: @DrAlakbarov) pic.twitter.com/sdcNELIi1E
— Tribün Ajans (@tribunajansorg) January 2, 2023