Дека на сопствениците на тимот на Ал Наср, новиот клуб на Кристијано Роналдо не им е до пари доволно говори фактот што на промоцијата на португалецот присуството во живот ќе чини многу малку.
Поточно, билетите чинат само четири долари, што секако дека е пристапна цена, па се очекува огромен број на навивачи и симпатизери да пристигнат на Мрсоол парк стадионот во Ријад.
Како што е веќе познато Кристијано Роналдо зимава направи сензационален трасфер на Блискиот Исток во тимот на Ал Наср, во дил кој ќе му донесе 200 милиони долари по сезона.
Welcome, the stronghold of the greats. Welcome to the adult stronghold. Welcome to the greatest club in Asia💛💙🔥@Cristiano @AlNassrFC #HalaRonaldo 💛#HalaRonaldo pic.twitter.com/MfwgRUlj4I
— Nader (@Al_ghamdi18) January 2, 2023