„Пчелите“ го средија Ливерпул: „Црвените“ со пораз во првиот меч во новата година (ВИДЕО)

204

Фудбалерите на Брентфорд направија изненадување во Лондон совладувајќи го Ливерпул со 3:1 во 19. коло од англиската Премиер лига. Со неочекуван пораз „црвените“ ја прекинаа серијата од четири победи, а ќе имаат за што да жалат по неколкуте пропуштени прилики, особено оние на Нуњез на почетокот од мечот.

„Пчелите“ трпеливо ја чекаа својата шанса и ја добија со автоголот на Конате во 19. минута. Ливерпул продолжи со пресингот, но домашните беа далеку поснаодливи, па освен што имаа два поништени гола поради офсајд, во 42. минута Виса успеа и по третпат да погоди и да добие прв регуларен гол за предност од 2:0.

Трите замени кои Клоп ги направи на стартот на вториот дел донесоа брз резултат. Најпрвин погоди Нуњез, но голот беше поништен поради офсај, па во 49. Минута Чемберлен успеа да погоди со глава за 2:1.

И токму кога гостинските навивачи се надеваа дека Ливерпул може да избегне пораз, следеше студен туш. Во 84. минута нова грешка на Конате, кој му ја остави топката на Мбуемо во шеснаесетникот на Алисон, по што голгетерот на Брентфорд погоди за конечни 3:1.

ПретходноГлигор Дончев верен на Тиквеш, пристигнува и Виктор Наумоски
СледноОткако го загубија Гакпо: Манчестер Ј. пред договор со Маркус Турам