Силвињо е нов селектор на Албанија

316

Албанската фудбалска федерација постигнала договор за именување на Силвињо за нов селектор на репрезентацијата, објавија вечерва дел од албанските медиуми.

Силвињо седнува на селекторското место во албанската репрезентација каде до пред извесно време беше Еду Реја. Реја беше предводник на Албанија во последните 3,5 години и направи сериозен напредок во играта и резултатите на нашиот западен сосед.

48-годишниот Силвињо досега има работено како тренер во повеќе бразилски клубови, а беше тренер и на Олимпик Лион во Франција. Тој потпиша 18-месечен договор со Албанската федерација, практично до завршувањето на циклусот со ЕП 2024.

ПретходноДали МЗТ Скопје беше оштетен на гостувањето против Цибона? (ВИДЕО)
СледноФИА попушти: Ќе се разгледуваат барањата за нови тимови во Ф1