Стевче Алушовски, еден од нашите најистакнати ракометари во историјата, а сега успешен тренер. Да потсетиме некогашното лево крило на Македонија е рекордер по настапи.
Тој говореше само во супералтиви за овој настан кој што го организираше Ракометната федерација на Македонија:
“Убаво е чувството да си дел од оваа манифестација. Полна сала, прекрасна,супер атмосфера. Секако дека со овој меч ќе ги испратиме овие млади момци, сегашни репрезентативци, на СП. Јас од се срце,искрено, и посакувам успех на Македонија на претстојниот Мундијал“ изјави за време на ракометниот хепенинг, Стевче Алушовски.