Одамна е познато дека стартот на зимските подготовки на штипските „сини“ под водство на новиот тренер Горан Здравков ќе биде на 9 јануари. Најново е тоа што Анталија како опција за одработување на главната фаза од подготовките пропападна, па така играчите и стручниот штаб ќе престојуваат во Охрид, каде што ќе биде базата на “сините“ од 26 јануари до 5 февруари.
Познат е и распоредот на одигрување на пријателските средби во Охрид. На 28 јануари ривал ќе биде Воска, три дена подоцна Брегалница ќе игра со Караорман, а на 5 февруари со Пелистер, се бара противник за 1 февруари.
Инаку “генералката“ во пресрет на стартот на пролетниот дел во ПМФЛ ќе биде на 12 февруари во Штип, а противник ќе биде тимот на Беласица.
Да кажеме, она што и се знаеше претходно, дека пред заминувањето во Охрид, Брегалница на 19 и 24 јануари во Штип ќе ги одмери силите со А. Пандев и Тиквеш.