Кире и Жути од терен: Секоја чест, покажавме дека сме народ со големо срце!

295

 

Додека траеше мечот, во првото полувреме, дел од ветераните даваа изјави, како на пример селекторот Кире Лазаров и Филип Миркуловски –Жути, кои од терен, додека беа на клупата го дадо својот коментар за овој хуманитарен настан, но и за мечот на деценијата.

Селекторот Лазаров изјави:

„Одличен потег на организаторот, на Ракометната федерација на Македонија за ова што се организира вечерва. Повеќе од 15 години сме на голема сцена, сме во репрезентацијата. Го одржуваме македонскиот спорт и се обидуваме тоа да биде уште подобро во иднина. Се надевам дека овие млади ракометари дека ќе бидат уште подобри и од нас“ истакна Лазаров.

 

Филип Миркуловски-Жути исто така беше посебно расположен вечерва,со насмевка посочи:

“Убаво е ова организирано. Народот покажа колкаво големо срце има, да помогне во успешна организација во еден ваков хуманитарен натпревар. Секоја чест, покажавме дека сме народ со големо срце. Нам не ни треба, во однос на двцајцата селектори, многу патокази што и како треба. Игравме 15-20 години заедно и се разбира дека знаеме што треба да направиме.Само треба да се погледнеме и знаеме што треба да направиме“.

ПретходноТомовски му фати зицер на Лазаров, па селекторот за “казна“ побара голманот да биде заменет!
СледноМедин Бајрами е новиот стопер на Силекс