Мичковски и Давков го засилија тимот на Кожуф!

2328

Тони Мичковски и Грегори Давков се првите зимски засилувања во таборот на Кожуф. Амбициозниот второлигаш од Гевгелија и официјално ги ангажираше двајцата сега веќе екс – играчи на Саса и со тоа успеа да го засили составот на стратегот Трајче Сенев. Инаку Мичковски игра на позицијата последен играч за врска, иако може добро да одигра и во дефанзивата, додека Давков е лев бек.

Како што велат од таборот на гевгелиачни, во деновите што претстојат ќе има уште некои новитети се со цел да му се овозможи на Сенев и неговиот стручен штаб да има квалитетен тим кој би можел да ги оствари клупските амбиции напролет во ВМФЛ.

ПретходноМечот на „Сите ѕвезди“ во живо на МРТ
СледноБесир Исени нов играч на Феризај