Пионерите на ФК Академија Постолов – Пандев на турнир во Дубаи!

265

Пионерите на ФК Академија Постолов – Пандев, деновиве учествуваат на силен меѓународен турнир во Дубаи (ОАЕ). Со пионерите се и тренерите Борче Постолов и Мартин Алаѓозовски. Ова е уште една потврда за успешната работа на ФК Академија Постолов – Пандев кој во изминатите години постојани гостува на вакви меѓународни турнири.

Инаку како што велат од клубот, кој е под ФК Академија Пандев, за гостувањето на младите фудбалерчиња во Обединетите Арапски Емирати, најзаслужен е Горан Пандев кој со своите контакти и својата менаџерска агенција им овозможил да настапат на турнирот.

Секако дека ова ќе биде уште едно големо искуство за нив, а тие се надеваат дека достојно ќе ја презентирата фудбалска Македонија.

ПретходноСампдорија со нова десетка во борбата за опстанок
СледноНекогашниот рели возач Кен Блок загина во несреќа со моторни санки