Талески и Стоилов во „Дрим тимот“ на СЕХА-лига!

127

Иако СЕХА-лига веќе не е тоа што беше, веќе две сезони системот на одигрување на натпревари е поинаков, сепак регионалното натпреварување се обидува да опстои. Наоѓа начин како да се запише сезоната, да брои дека се одиграла.

Вардар 1961 и Пелитсер се нашите претставници. Минатата сезона, актуелниот македонски првак не обезбеди Ф4, тоа го стори Пелистер, кој го освои третото место.

Токму за минатата сезона од СЕХА доаѓа изборот на најдобрите. Филип Талески и Стојанче Стоилов се најдоа во дрим тимот, таму е Тимур Дибиров, но како член на ППД Загреб, а место има и за Мирко Радовиќ од Пелистер.

За најдобар тренер е избран Бранко Тамше од Нексе.

ПретходноТрагедија на натпревар од НФЛ: Млад живот е доведен во прашање (ВИДЕО)
СледноРоналдо пристигна во Ријад ќе биде промовиран пред 30.000 навивачи (ФОТО)