Ѓоковиќ убедлив на стартот на годината: За прв меч не можам да се пожалам!

138

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ со убедлива победа ја почна 2023 година, откако на стартот на турнирот во Аделаида го совлада Французинот Констан Лестиен со 2-0 по сетови 6-3, 6-2.

Ноле доминираше, првиот сет го доби со 6-3, додека во вториот поведе со 4-0 и без проблем го приведе во своја корист за конечни 6-2.

„За прв натпревар не можам да се пожалам. Играв многу добро. Првите шест гемови беа изедначени, а јас никогаш не играв против Лестиен. Не прави многу грешки, има незгоден сервис. Но, кога направив брејк во првиот сет, се засилив и играв навистина добар тенис до крајот“, изјави Ѓоковиќ по мечот.

Ѓоковиќ во следната рунда ќе игра против Квентин Халис, исто од Франција.

ПретходноНБА ваков меч чекаше 17 години: Мичел за историја – Коби Брајант доби наследник (ВИДЕО)
СледноИХФ со строги Ковид-протоколи на Светското првенство!