Како да не може без драма и драми на “Максимир“. И ова се однесува на капитенот на “модрите“ Аријан Адеми, еден од најдобрите наши репрезентативци. Имено сите беа изненадени од фактот дека на списокот на тренерот Анте Чачиќ на играчи кои заминаа на завршни подготовки во Ровињ, каде ќе се работи од денеска па се до 12 јануари, го нема Аријан Адеми. Сите се чудеа каде е капитенот, но објаснувањето дојде брзо.
Имено Адеми имал вироза (грип) и затоа морал да остане во Загрeб. Кога ќе оздрави тогаш и тој ќе им се приклучи на своите соиграчи.