Како што и се очекуваше, билети за мечот на деценијата, за ракометниот спектакл во организација на РФМ насловен „Сите ѕвезди за СОС Детско село“ нема веќе, сите се распродадени, па така спектаклот може да започне. А тоа ќе се случи вечерва од 19 часот во Арената “Борис Трајковски“. Очекувано, сите билети пламнаа, па кој не сака да биде дел од оваа спектакуларна манифестација во која покрај врвен ракомет, ќе имаме можност да проследиме и врвен музички хепенинг, како што и може да се очекува кога организатор е Ракометната Федерација на Македонија.
Инаку важно инфо, како што инфомираат од РФМ, пред вечерашниот спектакл е тоа дека вратите на Арената „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени од 17:30 до 18:50 часот. Се молат фановите кои имаат обезбедено билети да не чекаат во последен момент за да за влезат во Арената со цел да не се создава непотребна гужва.
Познато е дека самиот спектакл ќе започне точно во 19 часот.