Англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед продолжи да ги засилува своите редови и денеска е официјализиран трансферот на Макс Вебер, австриски репрезентативец кој доаѓа од редовите на РБ Салцбург.
Тој доаѓа на препорака на тренерот Џеси Марш, а Лидс продолжи со засилувања од Ред Бул програмата затоа што летоска беа донесени Бренден Аронсон и Расмус Кристенсен од Салцбург односно Тајлер Адамс од Лапциг.
Вебер може да игра како стопер и како класичен лев бек. Трансферот изнесува околу 10 милиони фунти. Играчот стави потпис на договор до летото 2027 година.
Тој има 13 меча за Австрија.