Медин Бајрами е новиот стопер на Силекс

826

Како што дознава Спортмедиа, некогашниот македонски младински репрезентативец, Медин Бајрами ќе биде најновото засилување на тимот на Силекс. Стоперот кој последно играше за тимот на Малишева во Косово, ќе пристигне во Кратово, откако веќе одработи еден мандат како член на Ренова, односно на тимот на Беласица.

Од друга страна пак, во Словенија промени неколку екипи од типот на Марибор, Драва, Кршко.

Силекс веќе се пофали со новитетите од типот на Марко Ѓорѓиевски, односно Хамза Рамани, а се очекува да пристигне уште еден до двајца фудбалери во линијата за врска.

 

ПретходноКире и Жути од терен: Секоја чест, покажавме дека сме народ со големо срце!
СледноСегашните репрезентативци ги победија ветераните во мечот на деценијата (ФОТО)