Мите Цикарски и официјално си замина од Академија Пандев

914

Искусниот Мите Цикарски нема да биде дел од тимот на Академија Пандев на пролет. Левоногиот бек заминува од Струмица во рамките на ремонтот на тимот кој на хартија изгледаше како фаворит но во пракса резултатите беа далеку од очекуваните.

Договорот на Цикарски истече, нов нема да биде потпишан, па некогашниот македонски репрезентативец, напролет ќе има нова средина.

Тој има богато интернационално искуство, од Грција, Кипар, Романија, Бугарија, а в домашниот шампионат со успех настапуваше и за екипите на Вардар односно Работнички.

 

ПретходноСпектакл за паметење: Одлична журка, а Томовски се покажа и како пејач….(ФОТО)
СледноКикс на лидерот Арсенал, Брајтон го „уништи“ Евертон (ВИДЕО)