НБА ваков меч чекаше 17 години: Мичел за историја – Коби Брајант доби наследник (ВИДЕО)

1252

Кошаркарите на Кливленд во феноменален натпревар по продолжение го совладаа Чикаго Булс со 145:134, а незаборавна партија одигра домашниот чувар Донован Мичел, кој постигна 71 поен. Тој го одведе натпреварот во продолжение и стана првиот играч по легендарниот Коби Брајант кој постигнал над 70 поени на натпревар во НБА.

Ваков натпревар во најсилната лига на светот се чекаше 17 години, поточно од 22 јануари 2006 година кога Коби го „затрупа“ кошот на Торонто.

„Биковите“ настрадаа пред Мичел, имаа два поени разлика на крајот од регуларниот дел, но незапирливиот кошаркар на Кливленд намерно промаши слободно фрлање, ја фати топката и погоди за продолжение.

Во продолжението Кливленд оствари голема победа, а Мичел постигна 71 поен со што стана само седмиот играч во историјата на НБА со 70 поени на еден натпревар.


Пред Мичел, Вилт Чембрлен, Коби Брајант, Дејвид Томпсон, Елгин Бејлор, Дејвид Робинсон и Девин Букер да го постигнат овој подвиг.

Покрај 71 поен, Мичел имаше 11 асистенции и осум скока. Погоди 22/34 од поле, 7/15 за тројки, додека од „пенал“ постигна 20 поени од 25 обиди.

ПретходноРоналдо пристигна во Ријад ќе биде промовиран пред 30.000 навивачи (ФОТО)
СледноЃоковиќ убедлив на стартот на годината: За прв меч не можам да се пожалам!