Победи хуманоста – со срце за СОС Детско село!

133

Ракометната федерација на Македонија успеа да испрати порака до сите, а тоа дека хуманоста секогаш победува, а ние сме нација која знае да биде едно кога на некого му е потребна помош.

Вечерва салата „Борис Трајковски“ е исполнета до последното место. Љубителите на ракометот се собраа за две цели – да ги поздрават легендите и да им дадат поддршка на оние кои ќе не претставуваат на Светското првенство во Шведска и Полска, но истовремено со купените билети да донираат за СОС Детско село.

Покрај средствата собрани од продажба на билетите, РФМ со помош на спонзорите ќе донира околу милион денари.

ПретходноАлушовски: Полна сала, супер атмосфера, и посакувам успех на Македонија на СП!
СледноВанчо Димовски со емоции: Доне, се надевам дека ти некаде од горе го гледаш ова!