Последен поздрав за „кралот“: 230.000 го испратија Пеле до вечниот дом (ВИДЕО)

121

Во 14 часот по локално време, телото на Пеле, кралот на фудбалот, пристигна во Вселенската Некропола, каде што ќе биде погребан. Последното збогување, беше ограничено за членовите на семејството и блиските пријатели, а дојде по поворката која траеше околу три и пол часа низ улиците на Сантос.

Претходно, имаше 24-часовно бдеење отворено за јавноста на стадионот на Сантос, каде според првите проценки за еден ден поминале околу 230.000 луѓе кои додјоа да му дадат последна почест на великанот на Бразил и на светскиот фудбал.

ПретходноПроблем: Талески се повреди, нема да патува за Пореч!
СледноБрегалница главниот дел од подготовките ќе ги одработи во Охрид, закажани се повеќе „тестови“