Првиот човек на УФЦ и неговата сопруга се испотепаа за време на новогодишната ноќ (ВИДЕО)

352

Водечкиот човек на УФЦ, Дана Вајт, е снимен за време на новогодишната ноќ во Мексико во конфликт со неговата сопруга Ана. На видеото кое го објави TMZ, јасно се гледа дека Ана плаче, а Вајт оди до неа, кажува нешто и ја фаќа за раце, по што таа му удира шлаканица.

Вајт брзо го изгуби трпението, неколку пати ја удри неговата сопруга, која се обиде да му врати, но бил спречена од луѓето кои биле околу неа. Очевидци тврдат дека и двајцата биле пијани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFCBETS.pro (@ufc.bets.pro)

„Со сопругата бевме излезени на новогодишната ноќ и за жал тоа се случи. Јас сум еден од мажите и многупати сте ме слушнале да го кажам тоа, кој го осудува насилството врз жените, а сега, еве зборувам за тоа. Во брак сме речиси 30 години, се познаваме од 12 години и очигледно поминавме низ многу срања заедно“, изјави Вајт, а потоа додаде:

„Имаме три деца и ова е една од оние ситуации што е ужасна. Се срамам и во моментов сме повеќе загрижени за децата отколку за себе. Целосно сме фокусирани на семејството. Луѓето ќе размислуваат секакви работи за ова и многумина ќе бидат во право. Особено во мојот случај. Никогаш не смееш да подигнеш рака на жена. Јас и мојата сопруга се сакаме, долго сме заедно. Ова е само една од несреќните ситуации“.

ПретходноИХФ со строги Ковид-протоколи на Светското првенство!
СледноФешта пред полни трибини: Македонската публика ќе им се поклони на легендите, ќе ја охрабри иднината!