Промоција на Роналдо во Ал Наср: Дојдов да победувам и да уживам! (ВИДЕО)

599

Официјалната промоција стартуваше во одлична атмосфера и со многу музика. Прв на новиот стадион на кој ќе игра Роналдо се појави локалната музичка ѕвезда Ајед кој пееше во живо облечен во новиот дрес на Роналдо. Пред преполните трибини на стадионот „Мрсоол Парк“ потоа настап имаа неколку ѕвезди на електронската музичка сцена, додека камерите го уловија Роналдо облечен во костум како влегува на стадионот.

На прес-конференцијата која беше организирана во прес-салата Роналдо одговараше на новинарски прашања, истакнувајќи дека е среќен за овој потег кој, како што вели, е негова лична одлука.

„Ги соборив сите рекорди во Европа и сакам да го сторам тоа и овде. Дојдов овде за да победувам. Сакам да уживаме и да се смееме заедно сите овде во Ал Наср. Фудбалот сега е поинаков, еволуцијата на фудбалот е поинаква. Многу луѓе зборуваат, но не знаат ништо за фудбалот. Сакам да пренесам поинаква визија за земјата и за фудбалот овде, и затоа го прифатив овој предизвик. Ова е одлична можност, не само во фудбалот, да се промени менталитетот на новите генерации. Многу клубови од Австралија, САД, Португалија се обидоа да му ангажираат, но мојата работа во Европа е завршена и горд сум на нов предизвик. Моето семејство е среќно и ме поддржуваат во одлуката. Луѓето во Саудиска Арабија ме сакаат. Пречекот беше спектакуларен“, беше првата изјава на Роналдо како фудбалер на Ал Наср.

По завршувањето на прес-конференцијата на која зборуваше и тренерот на тимот Руди Гарсија, Кристијано замина на пат кон соблекувалните за да го облече дресот на Ал Наср и да излезе да ги поздрави своите нови фанови.

ПретходноЛиверпул го регистрираше Гакпо, деби в сабота против Вулверхемптон
СледноПроблем: Талески се повреди, нема да патува за Пореч!