Сегашните репрезентативци ги победија ветераните во мечот на деценијата (ФОТО)

374

РФМ приреди вистински ракометен спектакл во СЦ „Борис Трајковски“. Новата спортска година почна на најубав можен начин. Нешто на Македонија дефинитивно и требаше, а до сега никој не организирал ништо слично.

На едно место ги собра оние кои ја градеа ракометна Македонија и оние кои допрва треба да покажат дека местото им е меѓу најдобрите. РФМ им оддаде почит на иконите на македонската репрезентација, кои играа против актуелните репрезентативци кои за неколку дена ќе ги бранат боите на Светското првенство кое ќе се одржи во Краков.

Шоуто кулминираше и со музичка забава за која беа задолжени познати ѕвезди, а секако шоуто го водеше Сашко Коцев.

Навистина беше уникатна шанса да се биде на еден ваков децениски меч, кој се гледа и којзнае кога пак.

Нека овој настан биде поттик за сите играчи кои ќе бидат дел од Мундијалот, а мотив за фановите да дојдат во Полска и од лице место да ги поддржат „црвено жолтите“.

Мечот на крајот заврши со победа на Македонија која ги совлада Ветерените на Македонија со 25-21, на полувремето беше 12-12.

ПретходноМедин Бајрами е новиот стопер на Силекс
СледноАлушовски: Полна сала, супер атмосфера, и посакувам успех на Македонија на СП!