Спектакл за паметење: Одлична журка, а Томовски се покажа и како пејач….(ФОТО)

601

 

Како што и беше најавено, вечерашниот ракометен спектакл се заврши со музички хепенинг, односно со една убав мини – журка на која тон и дадоа повеќе наши еминентни пејачи и бендови. Во еден момент додека на сцена беа дечките од “Меморија“, поголем дел од нашите сегашни и поранешни репрезентативци беа заедно со бендот и ги пееја нивните песни по што атмосферата во Арената “Борис Трајковски“ уште повеќе за “запали“. Сите присутни беа одлично расположени а пред се првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, кој не го криеше, и со право, своето задоволство од тоа што го гледа.

Сепак во тие моменти прва “ѕвезда“ беше репрезентативниот голман Мартин Томовски кој го зема микрофонот и отпеа дел од песните на “Меморија“. И има талент дечкото за песна, сепак треба да се каже дека е подобар голман отколку пејач.

Се разбира малку да се пошегуваме…а од утре со мислите сме на претстојниот Мундијал.

На крај големо за браво за РФМ,за овој спектакл, за мечот на деценијата кој беше од хуманитарен карактер, за тие 6.000 лица со платени билети кои беа вечерва во „Борис Трајковски“ како и за сите сегашни и поранешни наши ракометни ѕвезди.

Ова беше спектакл за паметење…

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноПогребан „Кралот“ Пеле
СледноМите Цикарски и официјално си замина од Академија Пандев