Реал Мадрид вечерва (21 часот) ќе се соочи со четвртолигашот Касерењо во рамките на Копа дел Реј. Малиот клуб од гратчето Касерес од областа Екстрамадура доби џек-пот, славниот Реал Мадрид, четиринаесеткратниот европски првак.
Тие со нетрпение го очекуваат дуелот на векот. За тоа колкав е интересот на фудбалските љубители и за жителите на Касерес покажаа снимките од вчерашниот и од утринскиот тренинг каде илјадници деца, луѓе се најдоа на трибините, а ѕвездите на Реал Мадрид не можеа да постигнат од побарувачката за потписи на маички, дресови, шалови, панталони, шорцеви….
Исто така ги почестија и со дресови, маички и со други реквизити во боите на Реал Мадрид.
Toni @ToniKroos previa Cacereño – Real Madrid de Copa del Rey (02/01/2023) pic.twitter.com/eCFYuPW8on
— RNMJ TV #6 Real Madrid (@rnmjtv6) January 2, 2023
Eduardo @Camavinga previa Cacereño – Real Madrid de Copa del Rey (02/01/2023) pic.twitter.com/LTGd18x4g6
— RNMJ TV #6 Real Madrid (@rnmjtv6) January 2, 2023
„Има голем интерес за мечот. Рекордот ќе биде урнат, дефинитивно. Ние сме презадоволни што ќе играме со Реал Мадрид, а се зборува дека ќе има 20.000 гледачи. Никогаш немало толкав интерес за еден фудбалски меч во нашиот град“, изјави градоначалникот на Екстремадура Гиљермо Фернандез Вара.
Касерењо настапува во четвртата лига од шпанскиот фудбал која е поделена на пет дивизии со по 18 тимови, значи вкупно 90 тимови. Тоа е полупрофесионална лига, со тоа што само 10 фудбалери се со профи договори исто така треба да имаат најмногу 16 фудбалери кои се повозрасни од 23 години.
Градот Касерес се наоѓа во Екстремадура во западна Шпанија со 100.000 жители и е под капата на УНЕСКО од 1986 година. Клубот игра на стадионот „Принсипе Фелипе“ отворен во 1977 година. Инаку најголемиот успех на клубот е пласманот во Сегунда во 1952 година. Тоа е единствениот пат кога Касерењо играл во вториот по ранг фудбал во Шпанија, а клубот најчесто егзистира во Третата и Четвртата лига.
💚 ¡Lo veremos lleno hasta la bandera! 🤍 pic.twitter.com/kQHN9haBEA
— CP Cacereño (@CPCacerenoSAD) December 30, 2022